Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

Најдобар избор на графичка картичка-Август Испечати Прати до пријател
19.08.2008.

GPU

Овој месец се случија големи падови на цените на графичките картички, а главен виновник за ова е ATI. Со појавувањето на последните Radeon HD 4800 серии состојбата е далеку поразлична во понудата од високиот сегмент. Проверете каква е состојбата на цените на графичките картички кај нас.

Цените на графичките картички од највисоката класа се многу намалени и јас не паметам дека некогаш можело да се купи картичка од рангот на HD4870 опремена со GDDR-5 меморија за само 15000-16000 денари. Да потсетиме дека кога Nvidia беше на врвот со својата понуда,  8800GTS (320/640MB) чинеше преку 20000 денари, додека 8800GTX се продаваше за преку 30000 денари.

Како новитет во овој месец од понудата на Nvidia се појавува 9500 GT, која доаѓа како одлична замена за 8500/8600 сериите, додека ATI неодамна ја исфрли графичката картичка од високата класа Radeon 4870 X2, која претставува две 4870 во Crossfire режим на работа. Двете графички картички од највисоката класа на Nvidia GTX 260 и 280 не наидоа на симпатии кај купувачите, а двете картички кај нас се уште ги нема.

Како и минатиот пат, така и сега ќе посветиме внимание на графичките картички од најниската класа па се до највисоката класа.

Графички картички до 2500 ден

Со паѓањето на цените, позицијата е променета во овој најнизок дел. На оваа позиција пред два месеца се наоѓаше 8400GS, но сега ова место го зазема ATI HD2400 XT. Оваа картичка сега се наоѓа по цена до 2100 денари. Еве ги деталните спецификации на ATI HD2400 XT:

  Radeon HD 2400 XT, кодно име RV610, произведена со 65nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 40, 4 текстурни единици, 4 растерирачки единици, брзина на процесор 700MHz, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија 800 MHz (1600) ефективни со 64 битен мемориски интерфејс, DX 10, SM 4.0.

Графички картички до 3500 ден

Во оваа категорија веќе подолго време се наоѓаше  GeForce 8500 GT со GDDR-3 меморија, но со новиот пад на цените сега ова место го делат GeForce 8600 GT и Radeon HD 2600 XT.

 GeForce 8600 GT, кодно име G84, 80nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 32, 16 текстурни единици, 8 растерски единици,  брзина на процесор 540MHz, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија 700 MHz (1400) ефективни со 128 битен мемориски интерфејс, DX 10, SM 4.0.

 Radeon HD 2600 XT, кодно име RV630, 65nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 128, 8 текстурни единици, 4 растерирски единици, брзина на процесор 800MHz, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија 800 MHz (1600) ефективни со 128 битен мемориски интерфејс, DX 10, SM 4.0. Во оваа категорија се најде и оваа картичка иако е поевтина од GeForce 8600gt, а со приближни перформанси, меѓутоа 8600gt во повеќето случаи е подобра, особено со вклучен антиалајсинг.

Графички картички до 4500 ден

Во оваа категорија се наоѓа дебитантот на Nvidia за овој месец. GeForce 9500 GT доаѓа како ексклузивна замена за 8500/8600 сериите и за многу кратко ќе ја видиме со пониски цени. 9500 GT има речиси исти карактеристики како и 8600GT, со ист број на универзални шејдери, идентичен клок на меморијата и повисок клок на јадрото од само 10 MHz. Различно е и графичкото јадро, кое кај 9500 моделот е произведен со помал производствен процес. Карактеристично за овој модел е што може да се најде во две изведби на графичкиот процесор, 55 и 65nm, а многу веројатно е наскоро да се појават модели со GDDR-2 меморија.

 GeForce 9500 GT, кодно име G96, 55 и 65nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 32, 16 текстурни единици, 8 растерски единици,  брзина на процесор 550MHz, 512MB GDDR-3 меморија , брзина на меморија 700 MHz (1400) ефективни со 128 битен мемориски интерфејс, DX 10, SM 4.0.

Графички картички до 5500 ден

Преименуваната GeForce 8800 GS или по ново 9600 GSO веќе еден месец се наоѓа низ продавниците, а цената по која се продава е доволна да ја смести во оваа категорија.

 GeForce 9600 GSO, кодно име G92, 65nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 96, 48 текстурни единици, 12 растерски единици,  брзина на процесор 550MHz, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија 800 MHz (1600) ефективни со 192 битен мемориски интерфејс, DX 10, SM 4.0.

За само 500 денари доплата можете да ја набавите Radeon HD 3850 која благодарејќи на побрзата меморија е подоар избор од GeForce 9600 GSO.

 Radeon HD 3850, кодно име RV670, 55nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 320, 16 текстурни единици, 16 растерски единици, брзина на процесор 670MHz, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија 833 MHz (1666) ефективни со 256 битен мемориски интерфејс, DX 10.1, SM 4.0.

Графички картички до 7000 ден

 GeForce 9600 GT, кодно име G92, 65nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 64, 32 текстурни единици, 16 растерски единици,  брзина на процесор 650MHz, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија 900 MHz (1800) ефективни со 256 битен мемориски интерфејс, DX 10, SM 4.0.

 Radeon HD 3870, кодно име RV670, 55nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 320, 16 текстурни единици, 16 растерски единици, брзина на процесор 775MHz, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија 1125 MHz (2250) ефективни со 256 битен мемориски интерфејс, DX 10.1, SM 4.0.

Кога станува збор за овие две картички, може да се каже дека се најблиски по перформанси од досега претставените. Која и да ја одберете нема да погрешите. 9600GT е малку поспора без вклучен антиалајсинг, а е малку побрза од HD 3870 кога е вклучен.

Графички картички oд 9000 до 10000 ден

 GeForce 8800 GT, кодно име G92, 65nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 112, 56 текстурни единици, 16 растерски единици,  брзина на процесор 600MHz, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија 900 MHz (1800) ефективни со 256 битен мемориски интерфејс, DX 10, SM 4.0.

Со паѓањето на цените GeForce 8800 GT не доби сериозен кандидат, а примероци од не толку атрактивни производители можат да се најдат по цена од 8500 денари.

Во категоријата до 10000 денари се наоѓа новото галениче на ATI Radeon HD 4850, a GeForce 8800 GTS започнува да се соочува со крајот во нашата листа. Едноставно неможе да го понуди она што може ATI Radeon 4850. Оваа картичка е моментален миленик кај оние кои сакаат да добијат картичка која не e прескаpa, а сепак може да понуди доволно перформанси.

 Radeon HD 4850, кодно име RV770, 55nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 800, 40 текстурни единици, 16 растерски единици, брзина на процесор 625MHz, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија 993 MHz (1986) ефективни со 256 битен мемориски интерфејс, DX 10.1, SM 4.0.

Графички картички до 15000 денари

 Radeon HD 4870, кодно име RV770, 55nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 800, 40 текстурни единици, 16 растерски единици, брзина на процесор 750MHz, тип на меморија GDDR-5, брзина на меморија 900 MHz (3600) ефективни со 256 битен мемориски интерфејс, DX 10.1, SM 4.0.

Radeon HD 4870 е идентична со послабата Radeon HD 4850 само што има повисок клок и е опремена со тајното оружје на ATI GDDR-5 меморија.

-Ајде да видиме каква е состојбата на цените на понудените графички картички во споредба со месец Јуни.Според табелата во просек сите графички картички се намалени oд 20 до 30%.

    Графичка картичка    
   Јуни   
   Август   
Radeon HD 2400 XT3000
 2200
GeForce 8600 GT 4800
 3500
Radeon HD 2600 XT5000
 3700
GeForce 9500 GT / 4500
GeForce 9600 GSO7500
 5400
Radeon HD 38508000
 6000
GeForce 9600 GT9000
 7000
Radeon HD 38709000
 7000
GeForce 8800 GT1100
 9000
GeForce 8800 GTS16000 /
Radeon HD 4850 / 10000
Radeon HD 4870 / 15000

 

 

 

 
Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира