Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

Sapphire HD 4670 Испечати Прати до пријател
10.01.2009.
Индекс на прилозите
Sapphire HD 4670
Страница 2
Страница 3
Страница 4
Страница 5
Страница 6
Страница 7
Страница 8
 Главоболките кои на Nvidia и ги нанесува ATI продолжуваат понатаму. Прво компанијата беше под притисок во сегментот на високата класа и беше принудена да ги намали цените, а за многу кратко време се соочува со солидна конкуренција и во сегментот на средната класа. 9600GSO која до сега беше актуелен лидер во овој дел, се соочува со сериозен конкурент наречен HD 4670.

Nvidia е на сериозни маки во моментов, а делот во средната класа е вистинкска мешаница. Ова се однесува на шемата на именување на графичките картички, каде Nvidia со деветата серија направи тотален хаос. Како потенцијален купувач, секогаш барам чиста и едноставна ознака при купување на графичка картичка. Она што Nvidia го нуди во моментов во сегментот во средната класа за многумина е тешко да се разбере. Дали 9600 GSO или пак 9600 GT e подобар избор во моментов и зошто многумина мислат дека 8800GS е послаба од 9600 GSO. Голем број потенцијални купувачи видно се измамени дека деветтата серија е подобра од осмата серија, а за сето ова е виновна Nvidia. Во овој момент на збунетост кај народот се појавува ATI со чисти прецизни именувања на своите графички картички, а HD 4670 е токму она што многумина го очекуваа од компанијата. Графичка картичка која не е скапа, а сепак има можност да ги игра повеќето игри на повисока резолуција и тоа без користење на допoлнително 6 пинско напојување.


Во денешниов тест, ги имаме двете графички картички кои се стремат да бидат најпосакувани графички картички кои не чинат цело богатство, а сепак се доволно моќни да одговорат на сите игри. Претставникот од Nvidia е добро познатата ЕCS 9600GSO, која е најконтраверзната графичка картичка која некогаш била исфрлена од Nvidia. За оваа картичка веќе доволно говоревеме, а доколку ве интересира целата приказна можете да ја прочитате овде . Од АТI ни доаѓа Sapphire HD 4670 кој е еден од топ партнерите на компанијата. Новата картичка се базира на истата архитектура на која се базираат 4850 и 4870. Овие две картички веќе доволно се докажаа, на ред е нивниот помал брат. Интересно е што HD 4670 има идентичен број на стрим процесори со постариот high end модел HD 3870 но има дупло помала мемориска пропусност. Познавајќи ги перформансите на HD 3870, можеме да претпоставиме дека HD 4670 нема многу да отстапи од овие резултати.

 

    - Прва страна: Вовед >>

    - Втора страна: Пакување и софтвер >>

    - Трета страна: Спецификации и систем за тестирање >>

    - Четврта страна: 3DMark05/06 и Lightsmark 2007>>

    - Петта страна: World in Conflict >>

    - Шеста страна: Company оf Heroes >>

    - Седма страна: Crysis >>

    - Осма страна: Fary Cry 2 >>



 
Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира