Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

Три нови Nokia музички телефони Испечати Прати до пријател
Телефони
13.03.2009.

 Nokia ја освежи својата понуда на музички телефони со три нови модели , 5030 XpressRadio, 5330 XpressMusic и 5730 XpressMusic. Новото трио на број еден компанијата во телефонската индустрија наскоро ќе се појави на пазарот по доста пристапни цени.

Најевтиниот модел 5030 XpressRadio, има класичен сandybar облик, ќе се појави во црвена и графитна боја и тежи само 82 грама. Опремен е со 1,8 инчен TFT екран со резолуција од 120 x 160 пиксели, FM радио и има поддршка само за 2G мрежа. Антената за слушање на радио е вградена во телефонот, така да слушалките кои до сега служеа како антена немора да бидат приклучени на телефонот за да се слуша радио. Интересно е што овој модел нема вградена камера, но затоа чини само 40 евра.


Nokia 5330 XpressMusic е 3G телефон на лизгање со 2,4 инчен екран со резолуција од 240 x 320 пиксели, вградена камера со 3.15 мегапиксели, GPS, вградена меморија од 70MB плус мемориски слот за microSD(HC) картичка со капацитет до 2GB која е вклучена во пакувањето. 5330 XM ќe биде исфрлен во третиот квартал по цена од 160 евра.


Последниот но најопремениот модел, 5730 XpressMusic е опремен со slide-out QWERTY тастатура, 2.4 инчен QVGA дисплеј, 100MB внатрешна меморија и слот за microSD картичка, 3.15 мегапикселна камера со Carl Zeiss оптика, GPS, и радио. Телефонот е опремен со Symbian OS, S60, а од останатите додатоци може да се издвојат WiFi, Bluetooth и USB конективност. Овој модел ќе се појави исто така во третиот квартал по цена од 280 евра.

 

 
< Претходно   Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира