|
Најголемиот светски суперкомпјутер, наречен Roadrunner Universe, е вклучен во погон, а започнува со една ужасно едноставна мала задача - да ја моделира композицијата на вселената.
Овој модел е еден од најголемите симулации за дистрибуитрање на маса во вселената, а има поставено за цел да се погледне во степенот на концентрација на масата во вселената над и подалеку од количеството што е видено досега со најмодерните начини за истражување на небото. Според Salman Habib, од Лабораторијата во Лос Анџелес, разбирањето на темната енергија е најважнонто нешто во објаснувањето на вселената. "Вселената се шири а во исто време и се забрзува, е сега или има огромна дупка во нашето познавање на физиката, или постои чудна нова форма на материја која доминира во вселената, 'темната материја', која сочинува 70% од вселената," рекол Habib. "Дополнително на ова има пет пати повеќе од, за нас непознатата, 'темна материја' отколку што има вообичаена материја во вселената, а знаеме дека постои од податоците добиени од најразлични набљудувања; најспектакуларното, сме ја виделе како ја превиткува светлината од фотографиите на вселенскиот телескоп Hubble, но нејзиното потекло исто така не е објаснето." Иако надгледува само мал сегмент од "достапната" вселена, "Roadrunner Universe" моделот на Habib има потреба од petascale компјутер бидејќи, како и самата вселена, е зашеметувачки огромен. Основната единица на овој модел е честичка со маса од околу еден билион сонца (со цел да направи примероци на галаксии со маса од околу трилион сонца), а вклучува 64 и повеќе милијарди од овие честички. Roadrunner Universe моделот се потпира на хиерархиски мрежа / честичка алгоритам кој најмногу одговара на физичките аспекти на симулацијата на хибридната архитектура на Roadrunner. Habib и неговиот тим напишале потполно нов компјутерски код за да ја искористат хибридната архитектура на Roadrunner и да добијат максимално искористување на PowerXCell 8i забрзувачите за пресметувачите. Тие исто така направиле софтвер посветен за анализа и визуелизација на огромната симулациона база. Останатите задачи на оваа машина вклучуваат и создавање на HIV дрво кое би можело да ги води научниците до откривање на нови вакцини. |