Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

Русија е одлучна да ја спаси Земјата од астероид Испечати Прати до пријател
Наука и истражување
4.01.2010.

 Руската влада потврди дека ќе формулира мудар план за да го спречи големиот астероид именуван како Apophis, да се удри во Земјата во 2036-та година.

"Еден научник неодамна ми кажа интересна информација во врска со патеката (од астероид) која константно се доближува до Земјата," гласи цитатот од изјавата на Anatoly Perminov, шеф на Roscosmos која ја дал за RIA Novosti .

"Тој пресметал дека со сигурност ќе се судри со Земјата во 2030-тите."

Сепак, Perminov истакна дека Kremlin не планирал нуклеарен удар против потенцијално опасниот астероид.

"Никакви нуклеарни експлозии нема да бидат извршени, се ќе биде направено на база на законите на физиката."

 


 

Тој додал дека Русија би можела евентуално да покани експерти од С.А.Д, Европа и Кина за да учевствуваат уште на самиот почеток на проектот.

"Животите на луѓето се во опасност. Ние подобро ќе платиме неколку стотици милиони долари и ќе дизајнираме систем кој ќе го спречи сударот, отколку да седиме со скрстени раце и да чекаме да се случи судирот а со тоа да загинат стотици илјади луѓе."

Сепак, треба да се забележи дека кобните предвидувања на Perminov се чинат реални ако се земе неодамнешната изјава објавена од NASA која ја занемарува веројатноста дека Apophis ќе се судри со Земјата.

"Најновите компјутерски техники и свежо достапните податоци индицираат дека мала е шансата на 13ти Април, 2036 година, Земјата да се судри со Apophis и тоа во сооднос од 1 : 45,000," изјави NASA во Октомври.

 

 
< Претходно   Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира