|
Внимавајте што зборувате по телефон
Германски експерт за безбедност тврди дека успеал да го пробие GSM енкриптираниот алгоритам, со што телефонските разговори стануваат ранливи на прислушкување. Karsten Nohl вели дека бил во можност да слуша телефонски разговори со помош на опрема вредна неколку илјади долари и прибор од неколку табли за пробивање кои ги составиле тој и неговиот тим во текот на изминатите 6 месеци. Пресретнувањето на телефонски разговори е илегално во многу земји, вклучувајќи ги и С.А.Д, па затоа Nohl бил многу внимателен за овој уред да не биде достапен до никого. Но, вели тој, "Ако можеш да работиш со BitTorrent client и стандарден GNU процесот на изградба, тогаш и ти можеш да си направиш свое." GSM е најшироко користениот стандард за мобилни телефони, во кој се вброени околу 3.5 билиони од 4.3-те билиони бежични конекции. Но 21-но годишинот енкрипциски алгоритам, 64-битна шифра која се нарекува A5/1, едноставно не си ја врши својата работа, вели Nohl. Енкрипцијата работи низ случаен избор на канали преку кои постојано преминува од еден на друг, во низа од 80 канали. Но со прибор од лесно достапни софтверски алатки, Nohl и неговиот тим бил во можност да ги следат промените во фрекфенциите во реално време. Најскорешниот стандард на GSM Alliance е A5/3, а се користи во 3G мрежите, е многу посигурен. |