Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

Неговата лозинка е "лозинка" Испечати Прати до пријател
Интернет
25.01.2010.

 Можеби си мислите дека сте умни доколку за лозинка на вашиот компјутер ставите "лозинка", но всушност факт е дека не сте единствениот 'досетливко' бидејќи тоа е еден од најупотребуваните зборови.

Imperva, агенција за обезбедување на датотеки, објави студија за "Најлошите лозинки на корисниците" (Consumer Password Worst Practices), по завршената анализа на некои 32 милиони лозинки кои беа обелоденети за целиот свет да ги види откако програмерот на социјална медијска апликација, RockYou, беше хакнат од опасен SQL тројан.

Ах да, само да додадеме дека тоа беше една оригинална група од 32 милиона луѓе, бидејќи како врвни 10 лозинки беа користени по редоследот што ви го претставуваме:

  1. 123456
  2. 12345
  3. 123456789
  4. Password
  5. iloveyou
  6. princess
  7. rockyou
  8. 1234567
  9. 12345678
  10. abc123

 

 

Главниот технички службеник на Imperva, Amichai Shulman, смета дека нападот би можел и да се смета за научена лекција, но и додал дека “никогаш досега не било истражен волку голем број на лозинки кои се користат во реалниот свет."

"Сите мораат да сватат дека креирањето на едноставни лозинки значи лесен плен за автоматизираните хакерски напади,” изјави Shulman, напоменувајќи дека “само со минимален напор, хакерот може да добие простап до нова корисничка сметка на секоја секунда - или 1000 кориснички сметки на секои 17 минути."

Но, дали сите ние ќе научиме од нашите грешки е нешто што сепак ќе остане необјаснето. "Проблемот многу малку се промени во изминативе 20 години," изјави Shulman, мислејќи на студијата на Unix од 1990 година која покажа избор на лозинки сличен на оној кој корисниците го користат и денес.

 

 
< Претходно   Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира