Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

Успех на гејмерот кој го продал својот Steam на Ebay Испечати Прати до пријател
Интернет
27.01.2010.

 Се чини дека некои луѓе се способни да прават пари од ништо, па така еден поранешен гејмер одлучил да ја продаде својата Steam сметка на eBay. Не само што успеал, туку ја продал за $1000 американски долари.

Изнаоѓајќи начин за заобиколен пат на дигитална дистрибуција, корисникот dave311freak на eBay го продал својот Steam - кој бил проценет на околу $2,700 американски долари и содржел 139 наслови на игри - за $1000 американски долари и покрај тоа што почетната понуда што ја поставил била само $500 долари. Се чини дека некој убаво ги научил убавините на маркетингот.

 

 

Destructoid има поставено видео од Freaky Dave кој на YouTube поставил видео на кое го рекламира својот каталог со наслови на игри меѓу кои се Grand Theft Auto IV, Modern Warfare 1 и 2, Borderlands, Dragon Age и Company of Heroes, но за жал неговото видео е отстрането.

За да привлече поголемо внимание на неговата понуда на eBay, dave311freak додал дека неговиот Steam нема "апсолутно ни еден бан на ниту една од игрите кои се наоѓаат на неговата листа," дека е "на добар ранг na VAC, а и дека сите игри од тој Steam можат да бидат превземени во било кое време на било кој компјутер што има инсталирано Steam."

Додатно за да ги увери потенцијалните купувачи дека сето она што го кажува за својот Steam е вистина, Dave ќе ги промени сите информации во корист на победникот на лицитацијата, почнувајќи со адресата на електронската пошта и праќајќи им ја лозинката со која ќе можат веднаш да се логираат и истата да ја променат во сопствена.

Но што е она што го натерало Dave да се откаже од гејмингот? Па, официјалната причина дадена од веќе бившиот гејмер е дека тој си трошел премногу време на игрите и дека не поминувал доволно време со семејството и пријателите. Но ако ме прашате, мене ми личи на некој кој си нашол девојка.

 

 
< Претходно   Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира