Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

AMD HD 5450, HD 5550 и HD 5570 во Февруари Испечати Прати до пријател
1.02.2010.

 Откако ги исфрлија моделите од највисоката и средната класа, AMD конечно реши малку да го освежи и буџет сегментот на графички картички. Станува збор за HD 5450, HD 5550 и HD 5570 графичките картички кои ќе бидат дел од Cedar фамилијата, а ќе бидат првите буџет графички картички од оваа серија кои ќе се појават на пазарот.

Radeon HD 5450 би требало да биде најавена на 4-ти Февруари и ќе биде картичка која ќе ја замени претходната генерација HD 4550 и 4350, додека Radeon HD 5550 и HD 5570, би требало да бидат најавена пет дена покасно, а ќе бидат соодветна замена за HD 4650 и 4670.

HD 5570 и HD 5550 ќе бидат достапни во две верзии, со 512MB и 1GB GDDR5. HD5570 ќе има работни тактови на графичкиот процесор од 775MHz и 1000MHz на меморијата. Трите модела ќе бидат опремени со 200 стрим процесори, 64 битен мемориски интерфејс и ќе поддржуваат DirectX 11. Опремени се со мали кулери за ладење на графичкиот процесор, што значи дека ќе бидат доста ладни. Од конетивноста се забележуваат DVI-D, DisplayPort и D-Sub конектори.

Цените се уште не се објавени, но според тоа како стојат работите би требало да се движат помеѓу 40 и 70 евра, во зависност од моделот, типот и количината на меморија.

 

 

 

 
< Претходно   Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира