Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

Првите Fermi графички картички ќе бидат GTX 480 и 470 Испечати Прати до пријател
4.02.2010.

 GeForce GTX 480 и GeForce GTX 470 ќе бидат имињата на првите две графички картички кои ќе се базираат на новиот GF100 графички чип.

Во моментов има премалку информации, така да нема многу што да се коментира, освен околу имињата кои да признаеме се мало изненадување. На прв поглед имињата се во согласност на G / GT / GTX шемата на именување на Nvidia, но што се случи со броевите? Технички кажано, Nvidia ја исфрли својата 300 серија кон крајот на минатата година со GeForce 310, која всушност е OEM препакувана GeForce 210, после што сите очекувавме Nvidia да го пополни остатокот од 300 серијата со GF100 чипови и неговите деривати, слично како што е организирана 200 серијата со микс од DX10 и DX10.1 производи. Овие очекувања се однесуваат на GTX 380 и GTX 360, кои веројатно нема да ги видиме.

Подетални информации за двете картички се уште нема, се уште не се знае какви перформанси ќе понудат, ниту пак со кои брзини ќе располага графичкото јадро и меморијата, како и бројот на CUDA јадра. Едно е сигурно, на денот кога ќе бидат исфрлени, GeForce GTX 480 ќе биде на врвот, а GeForce GTX 470 ќе бида послаба со неколку оневозможени CUDA јадра. Потоа веројатно ќе следуваат моделите од средна класа, кои препоставуваме ќе го задржат шаблонот на именување, за да на крајот се појават и буџет графичките картички од најниската класа. Бидејќи не се знае дали GeForce GTX 480 ќе ја сочинуваат еден или два графички процесори и понатаму може само да погодуваме дали ќе се појави GeForce GTX 490, која можно е да биде двоглава ламја.

Официјалното претставување на 400 серијата се уште не е познато, а за датумот на појавување престанаа да зборат дури и партнерите на Nvidia. Сите, па и ние се надеваме дека ќе бидат достапни после Cebit.

 

 
< Претходно   Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира