Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

Фалат Кинези за производство на лаптопи Испечати Прати до пријател
5.02.2010.

 Иако мислите дека Кина е преполна со Кинези, производителите на компјутерски компоненти сепак неможат да најдат доволен број луѓе кои ќе работат во производството, што наскоро би можело да доведе до недостаток во цел свет.

Производителите на компоненти тврдат дека можат да испорачаат само 70-80% од порачките на производителите на лаптопи и дека ситуацијата би можела наскоро да се влоши. Проблемот е во тоа што едноставно нема доволно квалификувани Кинези кои би работеле на производство на компоненти.

Ова веројатно се должи на фактот што Кина започнува да се фокусира на економскиот развој на внатрешноста, а не само на крајбрежјето. Фабриките во крајбрежниот предел од неодамна имаат потешкотии при вработување на нови работници и мораат да ги зголемат двојно, па дури и тројно платите со цел да привлечат доволно привремени работници.

Ситуацијата ја отежнува и тоа  што производителите на лаптопи нарачуваат се поголем број компоненти. Недостатокот на работна сила во Кина е проблем уште од минатата година, а се навестува дека ситуацијата ќе се влоши после кинеската Нова Година во Февруари.

Некои производители најавуваат дека 5-10% од вработените нема да се вратат на работа после новогодишните празници.

 

 
< Претходно   Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира