Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

Ретроспективно враќање на Atari Испечати Прати до пријател
Играчки Конзоли
6.02.2010.

 80-тите години се вратија. Да, Atari одлучи да ја релансира класичната гејминг конзола со цена од $30 американски долари.

 

Во понудата е вклучена и маичка на која има слика од оригиналната Atari VCS 2600 конзола - конзола која често се опишува како една од најиконските машини во историјата на видео игрите.

 

 

"Ретроспектива на 80-тите! Овие се игрите кои дефинираа генерација," гласеше официјалната изјава на Atari.

"Налет на нов бран, Atari лудилото е насекаде! Со Atari Flashback 2+ класична гејминг конзола, можете да ги играте некои од најпопуларните видео игри од 80-тите, пионерски тогаш, но исто толку забавни и денес."

Flashback 2+ нуди 40 игри кои се вградени во самата конзола, вклучувајќи ги 3D Tic Tac Toe, Arcade Asteroids, Arcade Pong, Battlezone, Space War, Yars' Revenge, Super Baseball, Missile Command, Centipede и Lunar Lander.

Во меѓувреме, аналитичарот на EEDAR, Jesse Divnich изјавил дека конзолите кои се приклучуваат на ТВ уредите како што е Atari Flashback 2+ се присутни на пазарот преку 5 години.

"Бидејќи не се води како продажба на видео игри (се класифицира како играчка), продажбата е импресивна. Сите претходници од Atari и Namco надминаа продажба од над милион единици," изјави Divnich.

"На нас, постарите корисници, ни дава носталгично чувство а притоа без да не удри по џебовите. Сепак овие системи се најпопуларни за време на празниците, бидејќи не забележуваме зголемен промет на истите вон празничните сезони."

 

 
< Претходно   Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира