|
Microsoft најави дека планира да ја исклучи мрежната опција Xbox LIVE за оригиналната 8 годишна Xbox конзола, во Април.
И наводно, сето ова во корист на корисниците. "Вашата Xbox Live заедница порасна. Иако погледнуваме наназад, ќе продолжиме да еволувираме во служба која додатоците и искуствата ќе ја користат целосната моќ на Xbox 360," изјави генералниот менаџер на Xbox LIVE, Marc Whitten. "За да ја достигнеме нашата аспирација, потребно е да направиме некои промени во Xbox LIVE службата, промени кои се некомпатабилни со нашите оригинални Xbox v1 игри." Почнувајќи од 15ти Април, сопствениците на оригиналниот Xbox ќе се најдат себеси ненадејно отсечени. Најпознатите наслови за xBox ќе продолжат, вклучувајќи ги v1 игрите кои се играат на Xbox 360. Обожавателите на Halo 2 - моментално најпопуларната игра на оригиналната платформа - најверојатно нема да бидат најзадоволни. Whitten не даде детали, но тој го спомна Project Natal - кој според распоредот треба да биде лансиран подоцна оваа година - е посебен извор на возбуда за оваа компанија. Според тоа, има причина да се верува дека гласините се вистинити, а компанијата планира новиот Xbox 360 да се базира на интерфејс од природни гестови. Microsoft изјави дека оваа промена ќе ги зафати сите корисници засегнати од промената, но дали дали ќе се помират со тоа или ќе останат против, сеуште не знаеме. |