Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

Сокет 775 држи 77% од пазарот Испечати Прати до пријател
9.02.2010.

 Intel ги испорачува Core „i" процесорите повеќе од година дена но старите добри LGA 775 процесори се уште држат 77% од продажбата. Ова е доволен показател дека LGA 775 се уште е моќен и дека до крајот на годинава ќе држи околу 50% од пазарот.

Ова се резултати од Intel-овите предвидувања за продажбата во првиот квартал на 2010 година.

Сокетот LGA 1156, кои го користат новите Lynnfield и Clarksfield процесори, држи 18% до вкупните испораки на Intel, а неговиот удел на пазарот би требало да порасне на 44% во четвртиот квартал на 2010 година.

Трет најпопуларен сокет е оној на Atom процесорите, кој држи околу 5% од сите Intel-ови процесори во првиот квартал, додека до крајот на оваа година таа бројка би требало да се покачи на 7%.

Најмалку популарен сокет е LGA 1366, оној кој ќе го најдете на Nehalem генерацијата на постарите четиријадрени Core i7 и шестјадрените Core i7 кои наскоро треба да се појават. Уделот на овој сокет нема да расне, што е доволен показател дека само 1% од продадените процесори на Intel завршуваат во компјутерите на ентузијастите кои сакаат да поседуваат опрема од највисоката класа.

 

 
Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира