Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

IBM создаде транзистор кој работи на 100GHz Испечати Прати до пријател
9.02.2010.

 Научниците на IBM успеаа да го создадат најбрзиот транзистор кој не се базира на силикон туку на графин. Овие транзистори имаат рекорден работен такт од дури 100GHz, или повеќе од 100% од силиконските транзистори, чии рекорден работен такт изнесува 40GHz.

Графинот е посебна форма на графит, кој е развлечен на тенок слој со дебелина од само еден јаглероден атом, поставен во хексагонална саќеста структура. Дводимензионалната структура на атомот на јаглеродот во графинот има единствени електрични, оптички, механички и термални својства, а во моментов интензивно се истражуваат различните можности за нивна примена.

Најновото достигнување во развојот на графинските транзистори научниците на IBM го постигнале со користење графин кој е добиен со технологија компатибилна со постоечките методи кои се користат за силиконските транзистори. Научниците наведуваат дека добиената работна фреквенција на графинските транзистори е значително повисока од највисоките фреквенции кои некогаш се постигнати со силиконските транзистори развиени со истата технологија.

"Клучната предност на графинот лежи во многу високите брзини во кои пропагираат електроните, што е од суштинско значење за создавање на брзи тразистори од наредната генерација. Пробивот кој што го прикажавме јасно покажува дека графинот може да се користи за производство на уреди и интегрални кола со високи перформанси", рече Dr TC Chen, потпретседател за наука и истражување во IBM Research.

Проектот е финансиран од агенцијата Defense Advanced Research Projects Agency (DARPA)на американското министерство за одбрана во рамките на програмата Carbon Electronics for RF Applications (CERA) која има за цел да развие нова генерација комуникациски уреди.

 

 
< Претходно   Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира