Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

DRAM меморијата повторно ќе поскапува Испечати Прати до пријател
22.02.2010.

 Крајот на минатата година го одбележа неколку кратното поскапување на мемориските чипови. Трендот на поскапување на меморијата ќе го следи и оваа година.

 

Според резултатите од истражувањето на компанијата iSuppli во текот на оваа година можеме да очекуваме понатамошно зголемување на цената на DRAM меморијата.

 Просечната цена на DRAM чиповите е зголемена за 16% во последниот квартал на минатата година, додека испораките истовремено пораснаа за 21%. Со тоа вкупниот приход на компаниите е удвоен, односно е пораснат од 4,13 милијарди долари во последниот квартал на 2008 година, на 8,5 милијардни долари во 2009 година. За цела 2010 година, iSuppli предвидува пораст на приходот на DRAM пазарот на 31,9 милијарди долари, што е за 40,7% повеќе отколку минатата година кога вкупниот приход беше околу 22,7 милијарди долари.


Kaко главна причина за зголемениот раст на пазарот се наведува зголемувањето на побарувачката од страна на големите производители како Apple и HP. Двете компании објавија дека имаат проблеми со набавувањето доволно количина меморија. Затоа само во Јануари просечната цена на DDR3 мемориските чипови се зголеми за 40% иако се очекуваше пад на цената поради вообичаното сезонско намалување на побарувачката после Бижиќната шопинг сезона.

Помеѓу производителите и понатаму убедливо води Samsung кој контролира 31,7% од пазарот, следува Elpida со 21,6%, Hynix е трет со 19,4%, додека Micron е на четврто место со 12,2%.

 

 
< Претходно   Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира