Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

Јапонските инжинери дизајнирале летечко столче /видеo Испечати Прати до пријател
Наука и истражување
1.03.2010.

 Да се биде стар во Јапонија денес и не е толку страшно. Додека ние се досадуваме во стари инвалидски колички, Јапонците се возат во летечки.

Tsunesuke Furuta од одделот за рехабилитација во Јапонскиот Универзитет во Kobe Gakuin, дизајнирал летечка инвалидска количка за постари лица и лица со проблеми со движење.

Инспириран од аркадниот воздушен пак за хокеј, оваа количка лебди на воздушна перница како амфибија, поддржана од воздушни мотори затворени под гумената рамка, со помош на кои полека се движи.

Нејзините дизајнери велат дека може да поднесе тежина до 150 килограми, освен нанапред да се движи и наназад и без проблем да совладува агли.

За жал, може да лебди само неколку сантиметри над тлото и евентуално би можела да се заглави ако поминува преку теписи или татами душеци.

На оваа количка може да се постави седиште слично на оние во автомобилите или пак традиционално Јапонско zabuton-перниче - нешто што би наликувало на летечко килимче.

Furuta и неговиот тим велат дека бараат партнери кои би им помогнале комерцијално да почнат да ја произведуваат оваа количка.

 

 

 
< Претходно   Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира