Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

TigerText - апликација која се самоуништува Испечати Прати до пријател
Софтвер
28.02.2010.

 Продавницата за апликации на Apple се збогати со една интересна нова апликација која ќе го реши проблемот на тајните агенти и швалерите.

TigerText тврди дека ова е првата апликација која им овозможува на корисниците да ја избришат пораката од телефонот на оној што ја прима.

А еве и како функционира: Ја отворате TigerText апликацијата и го подесувате тајмерот пред да ја испратите пораката. Откако ќе помине временскиот рок на кој е подесен на тајмерот, пораката автоматски ќе се избрише од телефоните на испраќачот но и на примачот. Тие ќе бидат комплетно избришани, нема да бидат ниту сочувани на некој сервер некаде. Од TigerText велат дека овие текстови "нема законски да можат да се откријат" откако ќе бидат избришани.

 


 

"TigerText комплетно ќе го промени начинот на кој луѓето размислуваат во однос на електронската комуникација," изјави основачот на TigerText, Jeffrey Evans. "За прв пат, Вие, ја имате комплетната контрола со она што ќе се случи со вашите текстови откако ќе ја испратите пораката. TigerText ќе донесе малку мир кај секого кој своите пораки ги испраќа со цел да останат приватни."

Корисниците можат да го постават тајмерот во период од 1 минута до 30 дена. Оваа апликација исто така носи и некои додатни функции на телефонот на корисникот, како што се можност да се избришат сите текстови од одреден разговор или бришење на текст автоматски откако примателот ќе го отвори.

Верзиите од оваа апликација за Blackberry и Android уредите, моментално се во развој а се очекува да се појават за неколку недели.

Цената на услугите од оваа апликација ќе бидат одредени за пријавениот модел. Корисниците ќе можат да праќаат 250 пораки преку TigerText за $1.49 долари месечно, или да одат на неограничена месечна претплата од $2.49 долари.

Оваа апликација нуди и бесплатен 15 дневен тест период или период од 100 текстуални пораки.

 

 
< Претходно   Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира