|
nVIDIA го откри својот Ion графички процесор за преносни компјутери од следната генерација.
Од напредниот Ion GPU се очекува да ги 'супер-напои' системите на преносните компјутери со десет пати подобро графичко засилување и овозможува работа до 10 часа со неодамна претставената Optimus технологија на nVIDIA. "Новите Ion графички процесорски единици (GPU) на преносните компјутери значително ги надминуваат основните, со пренос на медија со висока дефиниција во игрите, филмовите и видеата од интернет," објасни Nvidia во својата официјална изјава.
"Ова е дискретен GPU со посветена меморија која се прикачува на Intel Atom Pine Trail CPU преку PCI Express. Но, за разлика од преносните компјутери кои имаат [само] Intel интегрирана графика, Ion преносните компјутери ја имаат моќта да емитуваат неверојатни видеа во висока дефиниција беспрекорно од порталите како YouTube и да поддржуваат популарни компјутерски игри како World of Warcraft." Преку 30 продукти кои ќе ги поседуваат новите Ion GPU, се очекуваат да бидат лансирани до летото, во форма на преносни компјутери, персонални компјутери, основни системи, матични плочи и дискретни додатни картички. На пример, Acer Aspire One 532G (10-нчен) и ASUS 1201PN (12-инчен) се закажани да бидат првите Ion-ски преносни компјутери од следната генерација на пазарот. Додатно, новите се-во-едно персонални компјутери кои ќе бидат напојувани од Ion 2 ќе вклучуваат и ASUS EeeTop 2010PNT и Lenovo C200. И за крај, неколку дистрибутивни партнери - вклучувајќи ги и AOpen, AsRock, Asus, Foxconn, Giada, J&W, Jetway, Pegatron, POV, Shuttle, и Zotac - исто така планираат да претсават нови производи на база на Ion во блиска иднина. |