Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

Google ќе додаде синхронизиран превод на Google Chrome Испечати Прати до пријател
Интернет
3.03.2010.

 Google претстави нов бета додаток кој им овозможува на Google Chrome корисниците да сурфаат по повеќејазични интернет портали во реално време а притоа без да инсталираат екстензии или додатни додатоци.

"Без разлика дали ќе си го гледате вашето омилено Арапско шоу, дали ја прегледувате најновата Корејска галантерија на мобилни уреди или ја истражувате локалната перспектива за патување од соништата на Machu Picchu, сите ние сме постојано потсетувани дека интернетот е едно големо мулти-јазично место," објасни Wieland Holfelder, претставник на Google.

"И како функционира ова? Кога јазикот на порталот што го прегледувате е различен од оној што вие го познавате, Chrome ќе ви прикаже опција со прашање дали би сакале порталот да ви биде преведен со помош на Google Translate."

Според Holfelder, најновото бета издание од Chrome вклучува неколку нови додатоци кои им нудат на корисниците "уште поголем избор и контрола" на подесувањата за приватност.

"Згора на веќе постоечкиот инкогнито мод на Chrome – згоден начин на пребарување низ интернетот без да оставате траги од порталите кои сте ги посетиле на вашиот компјутер или превземањата што сте ги направиле - сега сте во можност да ги подесувате вашите подесувања на приватност во новата 'Privacy' опција од секцијата за дијалог на Chrome," изјавил Holfelder.

"Од овие подесувања, вие можете да ги контролирате 'колачињата', сликите, JavaScript-ата, додатоците и поп-ап прозорчињата на секој портал посебно преку пребарувачот. На пример, можете да поставите правила за 'колачињата' со кои ќе го дозволите нивното приваќање само од портали за кои верувате дека се чисти од тројанци, како и да ги блокирате оние од порталите кои не ви се познати."

 

 
< Претходно   Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира