|
nVIDIA го отстрани последното повторување на WHQL драјверите од својот веб откако поголем број на StarCraft II beta тест играчи се пожалија од 196.75 драјверите и ги обвинија за 'пуцкањето' што го слушнале во своите персонални компјутери и графички картички пред да им откажат.
Според IncGamers , "голема количина" на извештаи за прегревање биле пријавени во Blizzard Entertainment, за да даде официјална изјава на своите форуми за техничка поддршка по идентификувањето на изворот на овој проблем. "Некои играчи ја обвинуваа закрпата на StarCraft II бета клиентот, но претставник на Blizzard Tech Support даде брз одговор со објаснување дека причината се последните Nvidia 196.75 драјвери. Blizzard заклучи дека контролата на кулерот во овој nVIDIA драјвер не работи како што треба," напиша Tom Hernandez. "Ова значи дека апсолутно секоја 3Д апликација (на пример игри) која ќе биде стартувана со овие драјвери, ќе биде изложена на прегревање, а во некои екстремни случаеви и ќе предизвика штета кај графичката картичка, матичната плоча и/или процесорот. Некој [би можел] да има сериозен проблем ако игра интензивни игри како Prototype, World of Warcraft, Farcry 3, Crysis или игри со слична реалистична графика." За овој дел, nVIDIA ги призна извештаите на одредени "проблеми со брзините на кулерите" со последните 196.75 WHQL драјвери. "Свесни сме дека некои корисници пријавиле проблеми со брзините на кулерот со последните 196.75 WHQL драјвери на nvidia.com," изјави претставникот на nVIDIA за IncGamers . "Додека да го утврдиме коренот на овој проблем, им препорачуваме на корисниците да си останат, или да се вратат на 196.21 WHQL драјверите. Превземањето на 196.75 драјверите во меѓувреме ќе биде привремено отстрането од нашиот веб портал." |