|
Sixth Sense технологијата би можела да го промени начинот на кој гледаме на светот засекогаш.
Sixth Sense не би можела да се опише само со една реченица. Се разбира, ова е систем кој проектира информација на онаа површина што ве опкружува, но е и многу повеќе. Во основа, Sixth Sense е мини проектор со камера и мобилен телефон - кој се однесува како компјутер и вашиот контакт со проекцијата, кон сите информации поставени на интернет. Sixth Sense освен проекторот, како маркери, користи и 4 капачиња за прстите во различни бои: црвена, жолта, зелена и сина и исто така работи на гестикулации со рацете, како во филмот 'Minority Report'.
Сепак, наместо вие да стоите пред голем екран како Tom Cruise, Sixth Sense може да ја прави својата магија - и многу повеќе - било каде. Камерата инстантно ги препознава објектите околу вас, со прикажување на информацијата од микро проекторот на било која површина. Тогаш, можете да пристапите и да манипулирате со информациите користејќи ги само вашите прсти. Сакате да се јавите некому? Испружете ја вашата рака пред проекторот и ќе се прикажат бројките на кои ќе можете да го 'свртите' бројот. Ако пак сакате да видите колку е часот, нацртајте со прстот круг на вашиот зглоб и ќе се појави часовник. Доколку сакате да фотографирате нешто, направете правоаголна рамка со прстите со она што сакате да го фотографирате во рамката и системот ќе направи фотографија која подоцна ќе можете да ја организирате користејќи ги вашите прсти во воздухот. Јасно е дека Sixth Sense има потенцијал да стане најголемиот 'провиден' кориснички интерфеис за пристап до информација за било што околу нас, но доколку се ослободат од обоените капачиња за прстите и доколку ја помине иницијалната фаза на развој. Но засега, би можел да го смени начинот на кој ние контактираме со реалниот свет и навистина, секому да даде свесност за околината околу нас. |