Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

Најдобар избор на графичка картичка за вашите пари II Испечати Прати до пријател
Компјутерски Водич
11.10.2007.

Октомври е месец полн со изненадувања и големи намалувања на цените на харверот. Со намалување на ДДВ-то на 5%, се намалија и цените на сите производи, па така да можете да си дозволите подобра картичка за помалку пари. Технологија на секои три месеца ќе прави детална анализа на цените на хардверот во Македонија.

Првиот ваков водич беше објавен на самиот старт, кој се покажа како доста барана и најчитана тема. Вториот водич повторно ќе биде за графички картички само со нови, свежи и намалени цени. Следува процесорски водич и компјутерски водич.

Зошто ги форсираме графичките картички? Првенствена намена и самиот поим "компјутер" асоцира на игри. Пресуден момент во играњето игри е графичката картичка, но секако тука се опфатени и останатите хардверски компоненти.

Детално разгледување на графичките картички е одличен избор ако имате време за тоа. Но ако немате време да истражувате или не сте доволно убедени за правење на вистинскиот избор кога станува збор за купување на нова графичка картичка достапна за вашиот буџет ние ќе направиме неколку споредби за вас. Како прво оваа листа на графички картички е за оние гејмери кој што сакаат да добијат најмногу за своите пари. Ако не играте игри овие картички се непотребен трошок на вашите средства.

Со воведот толку, почнуваме со темата. Пред да започнема со водичот да констатираме дека наназад два месеца, на нашиот пазар се јавува недостаток од неколку сеуште атрактивни картички. Станува збор за GeForce 7600gst/gt, Ati Radeon X1650 GT картички со одлични перформанси за нивната цена. Кога станува збор за ATI графичките, нашиве фирми како да се плашат да увезуваат од овој производител. Во неколку ценовници се забележува недостаток од ATI картички, а негде дури и воопшто ги нема. Разновидноста на производите го прават и пазарот попривлечен.

*** Цените на дел од овие картички се земени од Мебиус компјутери, останатите картички што ги нема во нивното продажно место се земени од продажните места на неколку фирми за хардвер.

  • PCI-Exprees графички картички:

Графичка картички до приближно 4000 денари

Ова место дефинитивно ќе го завземеше GeForce 7600gs ако до пред некое време не се појавеше набилданата верзија на GeForce 8500gt со GDDR-3 меморија. Имено и претходно најавивме за овие модели со GDDR-3 мемории, а кај нас пристигнаа модели од компанијата Palit.

GeForce 8500 GT, кодно име G86, 80nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 16, 8 текстурни единици, 8 растерирачки единици,  брзина на процесор 600MHz, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија 600 MHz (1200) ефективни со 128 битен мемориски интерфејс, DX 10, SM 4.0. Запомнете дека станува збоор за оверклокувана верзија со 140MHz зголемена фреквенција на графичкиот процесор и дури 400MHz на меморија. Меморијата исто така е од типот GDDR-3, а не како првичниот модел со GDDR-2. Со вака подобрени перформанси би требало да биде 25% побрза од претходниот модел и сериозно да се доближи по перформанси до 7600gt. Цената на оваа картичка е точно 4200 денари. Напомена: Во зависност од производителот, истата оваа графичка картичка може да се најде и со ефективен клок на меморијата од 1400MHz. Во нашиов случај станува збор за PALITGF 8500GT PCX  256DDR3,128bit, Tvout, DVI, SONIC.

Графички картички до приближно 6000 денари

GeForce 8600 GT, кодно име G84, 80nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 32, 16 текстурни единици, 8 растерирачки единици,  брзина на процесор 540MHz, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија 700 MHz (1400) ефективни со 128 битен мемориски интерфејс, DX 10, SM 4.0. Цените на DX 10 графичките картички многу се намалија минатив месец. 8600gt кога првично се појави се продаваше по цена од 150е, што ја правеше далеку од препорачана картичка, бидејќи беше поскапа од 7900gs, а по перформанси се многу слични при DX 9. Цената на 8600GT e 6400 денари. Напомена: Внимавајте на верзиите со GDDR-2 меморија. Локалните продавници за хардвер ја продаваат со 512MB РАМ, со иста цена е како 256 MB верзија со GDDR-3,а по перформанси е значително послаба. Ова е маркетингшки трик на компаниите за ослободување од последните залихи на GDDR-2 мемории.

Radeon HD 2600 XT, кодно име RV630, 65nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 128, 8 текстурни единици, 4 растерирачки единици, брзина на процесор 800MHz, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија 800 MHz (1600) ефективни со 128 битен мемориски интерфејс, DX 10, SM 4.0. Во оваа категорија се најде и оваа картичка иако е поевтина од GeForce 8600gt, а со приближни перформанси, меѓутоа 8600gt во повеќето случаи е подобра, особено кога е со вклучен антиалајсинг. Цената на оваа картичка е нешто под 6000денари.

Графички картички до приближно 7500 денари

Radeon X1950 PRO , со кодно име RV570, 80nm процес, 36 Pixel Shaders, 8 Vertex Shaders, 12 текстурни единици, 12 растерирачки единици, брзина на процесор MHz 575, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија MHz 690(1380) ефективни со 256 битен мемориски интерфејс, DX 9.0c, SM 3.0. Оваа графичка картичка е слична како X1900 GT, главна разлика е што не се базира на X1900XT туку на нов поекономичен процесор. Знам дека ќе си речете, за малку поголема сума може да си ја набавите 8600GTS која е DirectX 10 картичка. Точно дека 8600GTS е DirectX 10 картичка, но фактот што е поскапа за 2500 денари и во повеќето случаи, особено на повисока резолуција е послаба од Radeon X1950 PRO, од нашата листа на препорачани картички.

Главна конкуренција на оваа картичка е GeForce 7900GS. Radeon X1950 PRO  е побрза во скоро сите случаи на фабрички подесувања, но 7900GS многу подобро се оверклокува за разлика од X1950 PRO која покажува не толку добри оверклокерски способности.

GeForce 7900 GS, со кодно име G71, 90nm процес, 20 Pixel Shaders, 4 Vertex Shaders, 20 текстурни единици, 16 растерирачки единици, брзина на процесор MHz 450, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија MHz 660(1320) ефективни со 256 битен мемориски интерфејс, DX 9.0c, SM 3.0.

Графички картички до приближно 10000 денари

Radeon X1950 XT, со кодно име RV580+, 90nm процес, 40 Pixel Shaders, 8 Vertex Shaders, 16 текстурни единици, 16 растерирачки единици, брзина на процесор 625 MHz, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија 900MHz(1800) ефективни со 256 битен мемориски интерфејс, DX 9.0c, SM 3.0. X1950 XT е моќна графичка картичка , процесорот работи на 25MHz пониска фрекфенција од X1950 XTX, а меморијата работи за цели 250MHz (ефективни) повисоко од X1900 XTX. Во перформанси е слична со постарата X1900 XTX која на повисока резолуција ќе ги победи дури и 7950 GT и 7900 GTO.

Графички картички со цена од 16000-17000ден

GeForce 8800 GTS (320mb верзија), кодно име G80, 90nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 96, 48 текстурни единици, 20 растерирачки единици,  брзина на процесор 500MHz, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија 800 MHz (1600) ефективни со 320 битен мемориски интерфејс, DX 10, SM 4.0. GeForce 8800 GTS претставува ослабена верзија на моќната GeForce 8800 GTX, и двете се претставници на новата генерација DirectX 10 графички картички. GeForce 8800 GTS во повеќето случаи е подобра картичка дури и од dual-GPU картички како што е 7950 GX2.

Графички картички со цена од 21000-23000ден

GeForce 8800 GTS (320mb верзија), кодно име G80, 90nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 96, 48 текстурни единици, 20 растерирачки единици,  брзина на процесор 500MHz, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија 800 MHz (1600) ефективни со 320 битен мемориски интерфејс, DX 10, SM 4.0. Со идентични спецификации како послабата 320MB верзија но со двојно повеќе меморија, ја прави супериорна само на повисоки резолуции. Ако сте страствен гејмер и сакате добра графика на резолуции над 1600x1200 тогаш ви е потребна оваа кaртичка, во друг случај не вреди да  давате дополнителни 5000 денари за екстра RAM меморија.

Radeon HD X2900 XT, кодно име R600, 80nm процес, универзални шејдери (streаm процесори) 320, 16 текстурни единици, 16 растерирачки единици,  брзина на процесор 740MHz, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија 825 MHz (1650) ефективни со 512 битен мемориски интерфејс, DX 10, SM 4.0. И конечно чипот околу кој се крена голема врева, како и поради неговото 6 месечно каснење така и поради највената голема конкуренција на Nvidia. Radeon HD 2900 XT има многу слични перформанси со GeForce 8800 GTS 640МB. Нејзините перформанси значително се подобрени со новите и последни драјвери, кои го искачија потенцијалот на 2900XT до ниво што и дозволи да ја предизвика и моќната 8800 GTX во некои случаи.

Иако полека но сигурно се во заминување, овој пат, само накратко ќе им посветиме внимание и на AGP графичките картички. Kaj нас ретко и можат да се најдат голем број од наведените модели па само ќе ги споменеме без подетални објаснувања.

  • AGP графички картички:

Графички картички до приближно 5000 денари

Во оваа категорија ќе ви препорачаме две картички:

Radeon X1650 PRO, со кодно име R530, 80 и 90nm процес, 12 Pixel Shaders, 5 Vertex Shaders, 4 текстурни единици, 4 растерирачки единици, брзина на процесор MHz 600, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија MHz 700(1400) ефективни со 128 битен мемориски интерфејс, DX 9.0c, SM 3.0.

GeForce 7600 GS, со кодно име G73, 90nm процес, 12 Pixel Shaders, 5 Vertex Shaders, 12 текстурни единици, 8 растерирачки единици, брзина на процесор MHz 400, тип на меморија GDDR-2, брзина на меморија MHz 400(800) ефективни со 128 битен мемориски интерфејс, DX 9.0c, SM 3.0. .

Графички картички до приближно 6000 денари

GeForce 7600 GT DDR3 , со кодно име G73, 90nm процес, 12 Pixel Shaders, 5 Vertex Shaders, 12 текстурни единици, 8 растерирачки единици, брзина на процесор MHz 560, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија MHz 700(1400) ефективни со 128 битен мемориски интерфејс, DX 9.0c, SM 3.0.

Графички картички до приближно 8500 денари

Radeon X1950 PRO , со кодно име RV570, 90nm процес, 36 Pixel Shaders, 8 Vertex Shaders, 12 текстурни единици, 12 растерирачки единици, брзина на процесор MHz 575, тип на меморија GDDR-3, брзина на меморија MHz 690(1380) ефективни со 256 битен мемориски интерфејс, DX 9.0c, SM 3.0.

Толку со AGP картичките, понудата на овие картички е намалена и кругот е стеснет на само 6-7 модели.

Напомена: PCI-Exprees моделите се со пониска цена од AGP моделите, па доколку планирате да го доградувате вашиот систем, препорачуваме да  ја смените и матичната плоча, а притоа да земете PCX комппатибилна, отколку да купувате само скапа AGP картичка.

Цената на хардверските компоненти е постојано променлива, бидејќи излегуваат нови модели, а ова во моментов се случува побрзо од кога и да е. Можеби статијава кога ќе ја прочитате, веќе некои графички ќе бидат со намалена цена.

По барање на посетителите, технологиј направи споредба и на останатите картички од фамилијата на ATI и Nvidia. Сега првично само за десктот графичките картички, а понатака и за повеќето мобилни решенија.

Напомена: Графичките картички се земени од различни производители и е можна промена во перформансите доколку се споредат со друг производител.



 
< Претходно   Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира