Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

Најновите Nvidia драјвери
Најновите ATI драјвери

www.tehnologija.com.mk

Apacer AH320 Compressor со 5 пати поголем капацитет Испечати Прати до пријател
Тестови
24.11.2007.

Имајќи во предвид дека периферните уреди од типот на USB мемориски стикови завземаат се поголема употрба, овој пат  решивме да избегаме малку од концептот на тестирање само на внатрешни хардверски компоненти. Факт е дека масовно е започната употребата на мемориските стикчиња, останува само да се решиме околу изборот на капацитет и секако неговата брзина на читање и запис.

Со секојдневен обичен дизајн , Apacer AH320 Compressor, не отстапува од останатите стандардни стикови.  На прв поглед интесресен за тестирање поради интегрираната софтверкса апликација. Изработен е од црна полупроѕирна во комбинација со бела пластика,  целосно спаѓа во сегментот на најмногу за вложените пари. Изгледот на овој флеш е сосема стандарден без никави физички предиспозиции. Под проѕирното капаче се наоѓа USB приклучокот, а на другиот крај се наоѓа предвиденото место за прикачување и пренос на овој флеш. На задниот дел, на делот каде што е прозирниот дел на флешот се даоѓа и зелена диода за индикација на активноста на уредот во текот на читање и запишување на податоците. Се произведува со капацитет од 128MB до 4GB, а примерокот што ние го тестиравме е со капацитет од 2GB.
 

Интересно е да се напомене дека со овој уред доаѓа и софтвер наречен ACE (Apacer Compression Explorer), едноставна апликација за заштита на фајловите со помош на лозинка и софтврска компресија на податоците кој ви овозможува компресија и до 5 пати. Компресорот работи релативно брзо, но воглавно неговата брзина зависи од снагата на процесорот. Се работи за функционална алтка, која се појавува како 1.00 верзија, која не бара никва инсталација. Брзината на компресирање варира во зависност од големината и бројот на фајловите. Во зависност од типот и бројот на фајловите може да оствари компресија и до 5 пати. Оваа компресија може да се оствари само ако се користат фајлови кои користат текстуални датотеки, а кога станува збор за mp3, avi или mpg фајлови, компресирањето се намалува на само 1% што воопшто не се исплатува. Значи доколку имате потреба за капацитет од 10GB за складирање на аудио и видео фајлови овој феш нема да ви користи.

  • Карактеристики на Apacer AH320 Compressor:

   - Капацитет 2 GB (128 MB до 4 GB)

   - USB 2.0 / USB 1.1 компатибилен

   - Зелена диода за идикација

   - Димензии 68.0 x 15.0 x 10.9 mm

   - Тежина: 9 gr

  - ACE софтвер за заштита на податоци и компресија

Apacer AH320 Compressor го тестиравме на лаптоп Fujitsu Simens, со перформанси:

Процесор AMD Turion 64 Mobile Technology TL-50 1,6GHz FSB 800MHz, меморија 2 X 512 DDR-2 667MHz останатите перформанси не се битни ако се земе во предвид дека немаат никаво влијание во перформансите на флешот.

Софтевр со кој го тестиравме Apacer AH320 Compressor:

                       

                              HD Tune                                       HD Tach                                   Everest

 

Apacer AH320 претставува соледен флеш драјв, кој спаѓа во буџет серии, кои овозможуваат најмногу за вложените  пари. Се карактеризира со солидна брзина на читање од 9MB/s додека брзината на запис е разочарувачка. Со брзина од само 2,9 MB/s на запис неможе да го пофалиме во никој случај. Меѓутоа како што претходно најавивме неговата главна карактеристика му е, условно кажано големиoт капацитет, кој што е до 5 пати поголем при компресирање на фајловите. Го препорачуваме на сите оние кои не сакаат да платат многу, а сепак да имаат на располагање поголем простор.

 

 
< Претходно   Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира