|
Страница 1 од 7 
Во времето на голем број лаптопи опремени со интелови процесори, итересно е да видиме како AMD успева да се справи со нивните мобилни решенија. За разлика од Intel кој има огромна палета на двојадрени мобилни процесори, почнувајќи од core duo платформите и процесорите со Т2xxx ознака па се до core 2 duo сериите со ознака T5xxx и Т7xxx, AMD е застапен на пазарот во голем случај само со неговиот мобилен конкурент Turion.
Класифициран како двојадрен 64 битен процесор спаѓа во сегментот на штедливи процесори наменети за лаптопите со средни перформанси кои нудат подолг век на траење на батеријата. Неговите перформанси се споредуваат помеѓу core duo и core 2 duo процесорите, со нешто подобри перформанси од првите и послаби перформанси од вторите Intel-ови процесори. Fujitsu-Siemens Amilo Pa 1510 е доста интересeн лаптоп поради тоа што е базиран на еден од последните ATI RS 485MC чипсети. Amilo Pa 1510 е лаптоп базиран само на вистински мобилни компоненти, кои треба да овозможат подолг век на траење на батеријата, а притоа да не се осетат драстични промени во перформансите. Дизајн и надворешни карактеристики Куќиштето на Amilo Pa 1510 е солидно изработено со заоблени рабови што му дава компактен и стилски изглед. Комбинацијата од сиво сребрена боја во комбинација со мат црна му дава посебен шмек. Осбено до израз доаѓа дебелината на куќиштето која е сведена на минимум и изнесува ~28мм на предниот дел и ~36 на задниот дел. Останатите димезии му се 358 x 255mm и тежина од 2,8kg заедно со се батеријата. Задниот дел на капакот кој што се наоѓа над LCD панелот изгледа малку помек и пофлексибилен, што на моменти при неговото притискање се приметува промена на боите на екранот. Отварањето на капакот е глатко но на моменти се слушаат крцкави звуци, што можеби е резултат на неразработеноста на механизмот.
Овој лаптоп е снабден со сите потребни приклучоци меѓу кои спаѓаат 3 USB порта, приклучок за модем, S-Video, мрежна картичка, VGA порт и аудио приклучоци за микрофон и слушалки со оптички излез и еден firewire порт. Pa 1510 е опремен со ExpressCard слот и 4 во 1 читач за мемориски картички (SD, MS, MMC и MSPRO). Бројот на приклучоци е повеќе од доволен со една мана, што речиси сите приклучоци се наоѓаат од десната страна, вклучувајќи го и полначот за батерија, VGA излезот, S-Video, еден USB порт, firewire приклучокот, ExpressCard слот, 4 во 1 читачот за мемориски картички и модемот, што дава слика на општ хаос кога би биле приклучени сите овие можности. Но вкусот е индивидуален, така да оставме да процените сами. На предната страна се наоѓаат аудио приклучоците и копчето за активирање на WLAN опцијата. На левата страна е сместен DVD режачот, приклучокот за мрежна картичка и останатите 2 USB порта, додека на задната страна нема приклучоци и целиот простор го зафаќа батеријата. Татсатурата е стандардна, со меки кликови комбинирани со пријатен не гласен звук. Одлично е прицврстена за телото на лаптопот, така да не прави никавни дополнителни звуци и не се забележува празнина меѓу нив. Тouch pad-од е мал но доста широк што визуелно го прикажува дисплејот и се карактеризира со доста прецизни движења. Копчињата на touch pad-од се малку крути и ќе треба да ги притиснете малку појако при употреба, што ќе резултира со малку погласни звуци. Amilo Pa 1510 доаѓа со стандарден 15,4 инчен дисплеј со максимална резоуција од 1280x800 пиксела, со рефлектирачка површина. Кога станува збор за дисплеите со рефлектирачка позадина, многумина се воодушевени од приказот на боите. Се карактеризира со контраст од 300:1 и brightnest 180cd/m², a e класифициран како дисплеј од втора класа според ISO 13406-2. Аголот на видливоста на 15.4” TFT WXGA дисплејот е солидна, иако гледано странично аголот на видливост е помал за разлика кога истиот се гледа од горната и долната страна. Дисплеите со рефлектирачка површина се понова технологија, но и покрај сите предности си имаат и своја мана. Рефлектирачките дисплеи се совршени за користење внатре во просторија каде што влијанието на надворешната светлина е помало. При користење во наворешни услови, рефлектирачката површина на дисплејот делува како огледало, па така ако сакате да го користите ќе мора да се поместите малку на страна за дa не си ја гледате главата. Оваа рефлексија се појавува и при користење на лаптопот внатре ако светлината од ламбата со која се осветлува просторијата се наоѓа позади корисникот. Ваквиот проблем не се забележува кај мат дисплеите на кој надворешната светлина има пак сосема друг ефект. За да го користите овој дисплеј надвор на дневна светлина потребно е истиот да имa многу добро осветлување и добар контраст во спротивно видливоста ќе биде помала.
|