Дома
Архива
Популарни
Соработници
Контакт
Туторијали
Низ историјата
Видео
Огласи





Си ја заборавивте лозинката?
Не сте регистрирани? Регистрирајте се

www.tehnologija.com.mk

Како вистински да ги избришете фајловите на дискот Испечати Прати до пријател
Туторијали-Софтвер
28.01.2008.

 Многу луѓе не знаат дека кога бришеме некој фајл од компјутерот, тој не е вистински избришан. Оперативниот систем само го одстранува од листата и го прави местото каде што се наоѓал тој фајл достапно за нови податоци. Со други зборови, оперативниот систем не го чисти комплетно местото на хард дискот каде што се наоѓал фајлот.

Оперативниот систем функционира на тој начин да заштеди што е можно повеќе време. Замислете некој голем фајл кој окупира голем број на сектори на хард дискот. За да фајлот биде вистински избришан, оперативниот систем треба да ги исчисти (да им додели вредност 0) сите сектори окупирани од тој фајл што може да одзема многу време. Наместо тоа, оперативниот систем го одстранува името на фајлот од директориумот каде што се наоѓа и ги означува секторите како слободни односно достапни за други податоци. Ова значи дека постои можност за враќање (recovery) на избришаните фајлови. Софтверите за враќање на избришани фајлови, познати како data recovery програми, функционираат на тој начин што ги пребаруваат секторите кои содржат податоци во нив што не се искористени од ниеден фајл или листа на фајлови. Ова не доведува до едно важно прашање: доколку имате навистина важни и доверливи податоци во компјутерот, дали бришењето на истите од хард дискот и од корпата за избришани фајлови, едноставно е доволно? Одговорот е не. Тие можат да бидат вратени со data recovery алатка.

Постојат исто така софтвери кои го решаваат и тој проблем, а и повеќето data recovery програми денеска имаат можност за вистинско целосно одстранување на податоците кои сте ги избришале. Еден од тие програми е SuperShredder. При бришењето на фајловите со овој софтвер едноставно целосно се чистат и секторите на дискот користени од тие фајлови. Овој програм можете да го превземете бесплатно од http://www.analogx.com/contents/download/system/shred.htm.

Форматирањето на дискот исто така не е многу различно. Кога форматираме хард диск, податоците што се наоѓале на дискот не се вистински избришани, што овозможува враќање на истите со напредна data recovery алатка и после форматирањето на дискот. Значи многумина кои исто така мислат дека со форматирањето ќе ги избришат трагите од доверливите информации се далеку од вистината.

При форматирањето, оперативниот систем само го брише root фолдерот и табелите кои содржат листа на секторите кои се завземени од фајловите. Оваа табела се нарекува FAT (File Allocation Table) кај FAT форматираните партиции, или MFT (Master File Table) кај NTFS партициите. Исто така при форматирањето едноставно само се проверува магнетната површина на дискот со цел да се одреди дали има некаква грешка. Доколку се детектира грешка, оперативниот систем се обидува да го означи односно маркира дефектното место како неупотребливо.

За целосно вистинско чистење на дискот може да користите т.н. "low-level format алатки". Тие исто така целосно ќе ги исчистат секторите на хард дискот. Кога користите low-level format програм, тој мора да биде соодветен за производителот на вашиот хард диск. На оваа страна можете да најдете вакви алатки за најпопуларните марки на хард дискови.

 
< Претходно   Следно >

Последни новости

Се појави 64-битна верзија на Windows Firefox

 На повидок е 64-битна верзија на популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox за Windows.

Повеќе>>

Nvidia ја започнува 3D PC револуцијата на Computex 2010

 Главниот извршен директор на Nvidia, Jen-Hsun Huang, го отвори Computex 2010 со говор во кој особено го назначи трудот на компанијата за започнување на 3D PC револуција.

Повеќе>>

Слушалки за глуви луѓе - "звук" преку Synesthesia

 Концептот на Германскиот дизајнер Frederik Podzuweit, делува ветувачки да стане реалност со што глувите луѓе ќе можат да слушаат музика.

Повеќе>>

Развиен е титаниум-оксиден диск од 25TB

 Тим на Јапонски научници создаде материјал од кој би можел да се произведува евтин 'супер диск' со капацитет од 25 терабајти.

Повеќе>>

Нов Версаче мобилен телефон со LG технологија

 Модната куќа Версаче (Gianni Versace SpA) го објави лансирањето на мобилниот телефон Versace Unique, првиот луксузен и високо функционален мултимедијален уред чувствителен на допир, кој ќе биде достапен во сите ексклузивни продавници за часовници и накит, како и во бутиците на Версаче низ целиот свет, од јуни 2010 година.

Повеќе>>

Транзистор долг 7 атоми ќе го промени светот

 Најмалиот транзистор во светот кој е направен од само седум атоми во еден единствен силиконски кристал е долг само неколку нанометри.

Повеќе>>

Без грижа - ова бебе само си учи

 Сите знаеме дека бебињата само спијат - понекогаш дури и до 18 часа на ден. А останатите неколку часа јадат и плачат. Сте се запрашале кога почнуваат да учат? Одговорот е: додека спијат.

Повеќе>>

Вест на неделата
Заборавете на 3D! Гледајте го Avatar во 4D!
Бевме навистина импресионирани од Avatar со целата негова пре-публицирана 3D слава? Епа заборавете на сето тоа, Avatar стана 4D.Само има една цака: 4D "верзијата" на Avatar моментално се прикажува во само едно единствено CJ-CGV кино во Јужна Кореа.
Популарно месецов
Можеби ќе ве интересира